Во неделата, на 20.03.2011, во спортската сала на ОУ 'Гоце Делчев' - Прилеп, се одржа првиот семинар за принципи и техники на уличната борба, организиран од ЦБВ 'МАКСАМ' - Прилеп.
Здружението на млади Инфо Фронт - Прилеп, како партнерска организација, го покриваше настанот.
Важноста на семинарот се состои од тоа што е прв од ваков тип во општина Прилеп и беше од отворен карактер, што значи право на учество имаа сите кои сакаа да учествуваат.
На истиот беа презентирани техниките и принципите на уличната борба, како на ниво на почетници, така и на ниво погодно за поискусни.
Преку инструкциите на лиценцираниот тренер Пеце Ангелески, беа претставени техники на правилно загревање, правилно држење на телото, самоконтрола и дисциплина, споредби и разлики меѓу уличната борба и останатите класични и модерни боречки вештини.
Посетителите имаа можност практично да ја испробаат теоријата во различни симулирани ситуации.
Семинарот беше посетен од млади од различни возрасти, како од момци, така и од девојки.