На почетокот на овој месец, Извршната агенција EACEA (Education, Audiovisual and Culture Executive Agency) ги објави резултатите од септемврискиот рок за аплицирање на "Млади во Акција" 3.1 проекти.
Проектот "After brainstorm comes sunshine", предложен од Инфо фронт - Прилеп, кој ќе ги обработува темите на претприемништво, себепромовирање и активно учество на младите во општеството, беше одобрен од страна на Агенцијата и треба да се случи од 11- 18.03.2013 година.
Ќе бидат објавени и дополнителни детали околу темите, самите работилници и партнерите на проектот, а понатаму и материјалите и резултатите од истиот.
Се гледаме во март!
И официјално, Здружението на млади Инфо фронт - Прилеп е партнер во Коалицијата "Република Млади" - иницијатива за одбрана на младинското учство.
Република Млади ве повикува да се вклучите сите во креирање платформа за
младинска демократија и во обезбедување учество и влијание на младите во
одлучувањето на сите нивоа во државата.
Повеќе информации можете да најдете на официјалната страна на коалицијата:
http://republikamladi.mk/.
Од 01.10.2012 година започна ЕВС проектот "VOLUNTEERING AS A WAY
OF ESTABLISHING A EUROPEAN CITIZENSHIP", со времетраење од една година, во кој учествува нашата волонтерка Александра Дунимаглоска.
Организација- домаќин е Народно читалиште "Братство 1869" од Ќустендил, Бугарија.
На Александра ѝ посакуваме прекрасни искуства и успешен проект.
Дел од тамошните локални и национални медиуми редовно ќе го покриваат овој проект кој вклучува активности и работилници во полето на култура, формална и неформална едукација на млади, информирање и сл.
http://dariknews.bg/view_article.php?article_id=972070
Нашата ЕВС волонтерка Катерина Петреска успешно го заврши ЕВС проектот "Broadening Horizons through Work", во организацијата Nooruse Maja во Перну, Естонија.
Катерина се врати со премногу искуства, прекрасни моменти, доживувања и нови контакти и ќе биде на располагање за споделување на истите за сите идни потенцијални волонтери.
Станува збор за проект кој влкучува активности во полето на културно- уметничкиот живот во градот: организирање на потпроекти, разни официјални културни манифестации на локално ниво, голем број на работилници за млади, изработка на промотивни материјали за истите, промоција на својата култура и традиција и сл.
Проектот траеше од 01.02 - 01.10.2012 година.
Од 01.09 - 09.09.2012 година, Здружението на млади Инфо фронт - Прилеп зеде активно учество на проектот 360° Peace in Media во Виланова и ла Гелтру, Барселона, Шпанија.
Станува збор за младински проект кој имаше за цел да го обработи присуството на мирот во медиумите на ниво на цела Европа.
Резултатот се одлични 24 фотографии и патувачка изложба, која треба да се случи во сите држави од кои имаше учесници. Инфо фронт - Прилеп има за задача да ја спроведи дисeминацијата на проектот и ја одржи изложбата во скоро време, според претходно утврдениот распоред. Датумот и местото ќе бидат дополнително објавени.
Повеќе информации на http://360peaceinmedia.blogspot.com.